Македонија
Светската банка со поддршка за предложените реформи во основното образование

Светска банка ќе продолжи да ги поддржува напорите на Владата и на Министерството за образование (МОН) за унапредување на квалитетот и конкурентноста на националниот образовен систем. Ова е заклучокот од денешниот состанок на министерката за образование и наука, Мила Царовска, и Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, информираат од Министерството.
„Со поддршка на нашите партнери, убедена сум дека концепцијата за основното образование ќе биде движечки фактор во реформирањето на сите сегменти на образовниот систем во нашата земја. Добро испланирани и координирани реформи во полето на образованието ќе придонесат за развој не само на единката туку и на целокупното општество“, рекла Царовска на средбата.
Директорот на канцеларијата на Светтаска банка ја потврдил поддршката за предложените реформи во основното образование за кои напоменал дека се во целосна согласност со препораките на Светската банка.
Според Банката, инвестирањето во основното образование е докажано дека дава поголеми резултати во споредба со подоцнежните степени на образование и обука и има одлучувачки придонес во развојот на човечкиот потенцијал, објаснуваат од МОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски: Фокус на натамошно јакнење на економската соработка со Германија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со делегација од Ostausschuss der deutschen Wirtschaft – Источниот комитет на германското стопанство.
„Во фокусот на разговорите беше продлабочувањето на економската соработка помеѓу двете земји, со акцент на инвестициските поволности во државата, особено во рамки на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), како и можностите за привлекување нови германски инвестиции.
Министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата за унапредување на бизнис-климата и создавање поволни услови за работење за домашните и странските компании, со цел економски раст, развој на приватниот сектор и отворање нови работни места“, велат од МНР.
На средбата беа разменети мислења и за актуелните глобални економски предизвици и нивното влијание врз трговските и инвестициските текови. Соговорниците се согласија дека, и покрај глобалните неизвесности, двете земји остануваат силно посветени на натамошно јакнење на билатералната економска соработка, потпирајќи се на традиционално добрите политички односи.
Македонија
(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и како ја оставила работата за да му се посвети на детето.
Петрова, која е самохрана мајка, за „Сапорт Кочани“ рече и дека ќе даде сè што може за здравјето на своето дете, но неопходна ѝ e помош.
„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема. Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е помош и од државата“, рече Петрова.
Раскажа и дека го облекува синот, му ги мачка изгорените раце, му сечка јадење за тој со левата рака може да го принесе до устата.
(!) Содржината на видеото за некого може да биде вознемирувачка
View this post on Instagram
Македонија
Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола.
„Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, кусо рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Желино, каде што заврши изградбата на патот Палатица – Тетово.
Вчера, градоначалничката на Скопје, Арсовска, преку пренос во живо на социјалните мрежи ги повикуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да излезат на терен и да постапат оти градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дозволил на државно земјиште во Чаир да никне дивоградба.