Македонија
СДСМ: Арсовска лаже дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат во Карпош и по цело Скопје
Данела Арсовска излажа дека Градот исчистил 150 депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат, обвинуваат од СДСМ.
„Не само што не се исчистени постоечките, туку во секоја општина во Скопје постојано никнуваат нови диви депонии кои Арсовска ги игнорира. Карпош е само една од многуте општини каде што дивите депонии се неисчистени, што може да се види и од фотографиите во прилог.
Арсовска во првите три месеци од мандатот не сработи ништо, не ги продолжува проектите од својот претходните, не реализира ниту свои проекти, градот е нечист и без план за иден развој“, се вели во соопштението.
Од партијата додаваат дека нивелацијата на шахти, партизацијата на Градот и изземањето од одговорност, е резултатот на Арсовска во првите три месеци од нејзиниот мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

