Македонија
СДСМ бара оставка од Сања Божиновска по серијата скандали
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара оставка од министерката Сања Божиновска поради, како што појаснуваат, серијата скандали и лажните изјави во јавноста за нејзиното бугарско државјанство.
„Божиновска го излажа народот, прикривајќи информации за своето бугарско државјанство.
Иако тврдеше дека се откажала од пасошот и бугарското државјанство јавноста од бугарските медиуми дозна дека не само што не се откажала туку дека и целото нејзино семејство има бугарско државјанство.
Криење факти и лажење на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички принципи во политиката. Граѓаните не може да веруваат во Божиновска и во она што го говори кога избра да не им ја каже вистината.
Божиновска не даде одговори ниту за информациите за долгот од 1 милион евра ниту за сомнителните бизнис зделки со „картелско здружување“, истакнуваат од оваа партија.
Последните информации кои се уште СДСМ ги проверува, како што додаваатм се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана со нејзините претходни бизнис партнери.
Поради сите етички прекршоци СДСМ повикува на нејзина морална оставка и соодветна истрага од надлежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

