Македонија
СДСМ: Благодарност до граѓаните за поддршката, време е за обединување околу европскиот пат
„СДСМ искрено им благодари на сите граѓани, членови, активниски, спимпатизери, на сите поддржувачи на прогресивните политики што носат напредок и европска иднина. Масовноста на големата национална трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје и позитивната енергија говори за големата поддршка, солидарност, за бескомпромисната посветеност и преданост на нашата визија за европска, економски силна и напредна држава за сите граѓаните“ соопштуваат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека „Европска Македонија е единствена и сплотена, силна и одлучна. Време е за обединување околу европскиот пат. Сега кога конечно тргнавме напред кон европската иднина, да се обединиме, за да продолжиме многу побрзо, со стабилност, извесност и чувство за национална гордост и важност. Заедно да покажеме дека европската интеграција ни е приоритет, затоа што значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и подобар и побогат живот“.
„Да покажеме дека македонското име, македонскиот јазик се конечно обезбедени и никој повеќе нема и не смее да ги оспорува. Да покажеме дека со многу работа, врвна чесност и максимална одговорност ќе направиме подобра, европска иднина за граѓаните. Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата, време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднина“ велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

