Македонија
СДСМ: Велепредавство е штетното делување на ВМРО-ДПМНЕ против македонската иднина

ВМРО-ДПМНЕ во очај поднесува кривична пријава за непостоечко дело, нешто што нема никаква врска со реалноста ниту пак со некакви кривични дела, реагира СДСМ на пријавите што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе против премиерот Зоран Заев, министерот Никола Димитров, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и против сите пратеници кои гласаа за законот за ратификација на договорот со Грција.
„Неоснована пријава на ВМРО-ДПМНЕ не е само лажно пријавување, туку е и показател дека се уште би сакале да го злоупотребуваат судството како што го злоупотребуваа 11 години наназад. Вакви провидни очајни чекори покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи. Нема параван за невистините на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.
Од штетното делување на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, велат од СДСМ, насочено против македонската иднина, против членство во НАТО и ЕУ и против зајакнувањето на македонскиот идентитет и посебност нема поголемо велепредавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.