Македонија
СДСМ: Владата ја продолжува децентрализацијата и обезбедува достапни сервиси за граѓаните
Со предавањето на софтверскиот систем „Е-градежно земјиште“ на Заедницата на единиците на локалните самоуправи (ЗЕЛС), а понатаму и до општините во Република Македонија, Владата предводена од СДСМ го продолжува процесот на децентрализација на Република Македонија и овозможува достапни сервиси за граѓаните, соопшти СДСМ.
Програмата „Е-градежно земјиште“ ќе им овозможи на граѓаните да ја спроведат целата постапка по поднесени барања за отуѓување, за давање долготраен и краткотраен закуп, за давање право на трајно користење, за пренесување право на сопственост и засновање право на стварна службеност на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија.
Тоа ќе придонесе кон забрзување на сите постапки поврзани со овие прашања, општините ќе бидат пофлексибилни и посветени да им излезат во пресрет на барањата на граѓаните и компаниите, а истовремено ќе биде и охрабрување за сите инвеститори бидејќи првите чекори во постапките за идни градби ќе се решаваат на локално ниво.
Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на зголемување на степенот на децентрализација и поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа.
Целосното спроведување на Законот за рамномерниот регионален развој, освен што ќе значи поголеми надлежности за општините во областите на образованието, здравството, културата и земјоделството, ќе отвори и можност за дополнителни 100 милиони евра за општините.
Со дополителните средства општините ќе бидат помогнати да овозможат навремени и ефикасни услуги и да бидат достапни локални сервиси кои ќе работат во интерес на сите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

