Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бега, не кажува на која комисија да се разгледува договорот за коридорите
ВМРО-ДПМНЕ како дел од хистеријата што ја води против американската компанија „Бехтел“, со денови бараше договорот за коридорите да се достави до Собранието и да се разгледува на собраниска комисија, велат од СДСМ.
„Сега, од оваа партија со денови бегаат, молчат и не кажуваат на која комисија тој договор би се разгледувал.
Веднаш штом ВМРО-ДПМНЕ каже, договорот ќе биде доставен во Собранието и ќе се разгледува на комисија која ќе ја определи ВМРО-ДПМНЕ во ден кој исто така ќе го определи партијата предводена од Христијан Мицкоски“, посочуваат во нивното соопштение.
Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ, како што оценуваат, поважно му е да шири лажни вести и измислици за делниците од коридорите, отколку суштински да се расправа за договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

