Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не го меша СДСМ во своите внатрешните кавги и расколи за раце во медот
За расколот и внатрешните кавги, судири и расправии за рацете во медот ВМРО-ДПМНЕ да не го меша СДСМ. За паниката и хаосот што владеат во ВМРО-ДПМНЕ има основани причини, но тие не може да бидат поврзани со никој друг, освен со нив самите. Белата палата е единствената адреса, а Христијан Мицкоски е единствениот повикан за сите проблеми ишто ги има ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека со денови слушаме меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал. Самите се фатија со рацете во медот и се скраа за тендер од 136 милиони евра. Самите даваат спротивни изјави од Мицкоски за промена на Уставот и против референдумот. Самите велат дека Мицкоски бил потрошен и треба да си даде оставка.
До заклучкот многу лесно се доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ има многубројни внатрешни проблеми, кои треба да си ги решава, но она што е поразително, не само што не е реформирана партија туку е и дополнително криминализирана, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

