Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да прекине да го валка делото на великанот Делчев

Игрите и подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев, соопштија д СДСМ.
„ Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација! Подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно имаат цели да отворат поделби меѓу македонскиот народ.
Нема да дозволиме да се понижува делото на великанот Делчев, ниту да држат лекции оние кои со бројни потези го срамат неговиот лик, кои ги слават и величат Ќосето, Михајлов, Александров“, се вели во партиското соопштение.
Од СДСМ и коалицијата додаваат дека нема да учествуваат во дневнополитичкиот театар на ВМРО-ДПМНЕ, на кој, како што велат, единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.