Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изгласа нов закон заедно со дестабилизаторите од ДУИ

Од опозициската партија оценуваат дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ си функционира.
„Во Собранието денеска токму со гласовите на ДУИ власта обезбеди двотретинско мнозинство и беа усвоени измените на Законот за локална самоуправа.
Додека во јавност Мицкоски демек ги напаѓа во Собрание си ги реализираат диловите.
ВМРО-ДПМНЕ реализираше уште еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ.
Пред околу 1 месеци ДПМНЕ и ДУИ исто така со заеднички гласови формираа тело за следење на правична застапеност на заедниците.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.
Значи наутро Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата и дека се криминалци а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички дилови со ДУИ“, реагираат од СДСМ.
Договарања под маса, манипулации и лажните јавни конфликти меѓу двете партии, според нив, се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.