Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов без да нè меша нас
ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не нè меша во нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„За должничко-доверителски односи со Каракачанов, нека си ги расчистуваат самите, без да се обидуваат да нè инволвираат нас. Како и досега СДСМ нема со каква било постапка да дава повод македонското прашање дополнително да биде злоупотребувано во кампањата во соседна Бугарија“, наведе СДСМ во реакцијата.
Претходно денеска бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов, објави листа на македонски политичари, за кои тврди дека поседуваат бугарски пасош. Меѓу нив се Александар Николоски, Антонио Милошоски, Петар Богојески, Филип Петровски, Никола Мицевски, Александар Пандов. ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека станува збор за лажна вест и ниту еден од посочените функционери нема бугарски пасош. Опозициската партија дополнително искоментира дека секогаш кога Заев е загрозен од некој скандал, се појавува некој лик како Красимир Каракачанов да му фрли гума за спасување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.
Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.
Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.
Македонија
Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти
Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.
Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.

