Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс на македонски јазик, да им се извинат на граѓаните за лагите

Единствено Христијан и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на македонски јазик со чиста формулација, без никави фусноти. Тоа е огромен успех за македонската држава и огромен пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секоја нивна лага за наводно загрозување и бришење на македонскиот јазик денес е демантирана, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека исто како и за членството во НАТО, Мицкоски заедно со Апасиев е единствениот кој не честиташе на потпишувањето на Фоговорот со Фронтекс. Сè што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага.
Нема асимилација, нема бугаризација има официјален македонски јазик во преговорите со ЕУ. Ако веќе нема доблест да честита за успехот на државата, Мицкоски нека собере сили и нека им се извини на граѓаните за лагите што со месеци ги пласираше во јавноста, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.