Македонија
СДСМ: Во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија
Мицкоски лаже и е лицемерен, во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија, велат од СДСМ утрово преку соопштение.
„На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното име, истовремено, според јавно достапните информации, на сите амандмани на неговата ВМРО-ДПМНЕ поднесени до Собранието за Законот за Јавното обвинителство стои новото уставно име Република Северна Македонија.
Мицкоски е неискрен и лицемерен и продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Со тоа уште еднаш докажува дека е ист како својот ментор и претходник, криминалецот Никола Груевски“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на, како што рече, годините на „бетонизација и приватни интереси“ во оваа општина.
Во своето обраќање, тој се осврна на односите со актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, за кого рече дека „ја изневерил довербата на граѓаните и коалицијата“ уште по изборите во 2021 година.
Мицкоски се наврати на 2021 година, кога, како што рече, актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, побарал помош и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од локалните избори.
„Тогаш дојде ненајавен, вознемирен и уплашен, во паника. Го примив, му реков да седне и да се смири, да разговараме. Ми велеше: ‘Те молам, поддржете ме, ако треба ќе клекнам, само да ме поддржите. Народот може да ме оправда, да ме обели’. Му реков – немој така, не личи, си човек во години, ќе разговараме, но имам едно барање – нема повеќе бетонизација во Карпош. Граѓаните се изморени од тоа“, раскажа Мицкоски.
Според него, Јакимовски ветил дека ќе го почитува тоа барање и добил поддршка од ВМРО-ДПМНЕ со што ја обезбедил градоначалничката функција.
„По изборите, кога отидов да му честитам, ми покажа маса преполна со детални урбанистички планови. Ми рече: ‘Бирај, кој е за тебе’. Го прашав што значи тоа, нели се договоривме дека нема да има нова бетонизација. А тој ми рече: ‘Морам од нешто да живеам’. Тогаш ми стана јасно дека не станува збор за ветувања, туку за интереси. Му се заблагодарив и му реков дека од мене нема да добие поддршка“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека по тој период Јакимовски започнал со лични напади, но и дека, како што рече, времето на „старите политички лица“ завршува.
„Карпош мора да ја врати својата енергија и изглед. Се работи за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Време е граѓаните да изберат чесност, а не интереси“, изјави Мицкоски, повикувајќи ги жителите на Карпош да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, во вториот круг на локалните избори на 2 ноември.
Македонија
Демир најави инвестиции во Шуто Оризари им се заблагодари на ромските партии кои го поддржаа
Денес, на средба во Шуто Оризари, по потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување, Ерџан Демир, кандидат за градоначалник за општина Шуто Оризари, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиуми ја изрази својата благодарност до сите ромски политички партии за одлуката да му ја дадат поддршката во вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори за 2025 година, а во насока на испорака на подобри услови за живот на граѓаните на Шуто Оризари.
„Голема благодарност до сите ромски политички партии, коишто одлучија да ни се приклучат, да ни дадат поддршка во овој втор круг, се со цел да можеме да го постигнеме она што го посакуваме. На нашите сограѓани во Шуто Оризари му овозможуваме подобри услови за живот, да има инвестиции во Шуто Оризари како и во другите општини. Шуто Оризари да не биде заборавена општина како до сега, да може нашите сограѓани да бидат директно вклучени во работењето односно во носењето на одлуките на општината, на целата администрација, буквално да направиме една нова промена“, рече Демир.
Кандидатот за градоначалник за Шуто Оризари од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Демир посочи дека неговите сограѓани ќе бидат вклучени како и во процесот на работа на самата општинска администрација, така и во процесот на донесување на одлуките и најави офанзива на инвестиции во пост изборниот период со кои општина Шуто Оризари идентично како што е тоа случај и во другите општини.
„Во Шуто Оризари верувам дека после 2 ноември ќе следи една офанзива од инвестиции во нашата општина“, заврши Демир.
Македонија
Лукровски: Завршуваат старите практики кои беа штетни за карпошани
Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Карпош, на којшто истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека ќе завршат старите практикии кои биле штетни за карпошани, потенцирајќи дека време е да се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.
„Знаеме колку паркови се претворија во згради, знаеме колку непринципиелни договори и колку криминални ДУП-ови видовме“, вели Лукровски и додаде:
„Овие избори се референдумски за нас карпошани. На овие избори, карпошани мора да се решат дали ќе стават крај на досегашните практики и ќе избереме луѓе со визија, со нов концепт, а се за подобро на нашите деца“.
Лукровски ги повика граѓаните во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9 за историска победа и развој на општина Карпош.

