Македонија
СДСМ ги утврди кандидатите за градоначалници
СДСМ ги утврди имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори, што ќе се одржат во октомври.
Од партијата соопштија дека синоќа Извршниот одбор ги утврдил кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.
Кандидатите, како и другите одлуки од седницата на ИО, попладне ќе ги соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб, Љупчо Николовски.
Досега се објавени овие кандидати:
Перо Костадинов – Валандово
Миликие Халими – Арачиново
Благојче Шапов – Богданци
Зоран Зимбаков – Босилово
Велимир Смилевски – Бутел
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанковски – Вевчани
Ивица Димитров – Виница
Роберт Бешовски – Градско
Горан Трајковски – Делчево
Лазе Петров – Демир Капија
Анго Ангов – Дојран
Борче Гиевски – Зелениково
Јордан Насев – Карбинци
Филип Темелковски – Кисела Вода
Благојче Илиев – Конче
Томе Христовски – Крушево
Аце Велковски – Лозово
Медат Куртовски – Маврово и Ростуше
Љубе Кузмановски – Новаци
Костадин Ѓорѓиевски – Охрид
Елизабета Зелениковска – Петровец
Славчо Пандурски – Пехчево
Драган Анастасов – Пробиштип
Живко Гошаревски – Ресен
Стојан Николов – Росоман
Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане
Горан Стојановски – Чашка
Сашко Николов – Штип
Петре Шилегов – Скопје
За општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце: Ѕвонко Пекевски – Берово, Борис Георгиевски – Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков – Неготино и Даниел Крстевски – Ранковце.
За општина Карпош – Душко Весковски, во Аеродром е Александар Филиповски, во Прилеп кандидат на СДСМ ќе биде Горан Сугарески, Свети Николе – Сашо Велковски, во Тетово поддршка доби Хемди Алезовиќ. Правникот Сашо Стојановски е кандидат за градоначалник во Сопиште. Во Јегуновце актуелниот градоначалник Дарко Блажевски е кандидат за уште еден мандат, а во Кавадарци партијата одлучи да го поддржи инженерот Горан Тодоров.
За Кратово – Влатко Бојковски, а можност за нов мандат доби и актуелниот градоначалник на Чешиново – Облешево, Горан Крстев.
Кандидат во Зрновци од СДСМ ќе биде машинскиот инженер Виктор Ангелов, во Илинден бизнисменот Александар Тодоровски, а во Демир Хисар – Стефче Митревски, сегашен инспектор во Инспекторатот за земјоделство.
Нов кандидат СДСМ има и во Ново Село, социјалниот работник со Филозофски факултет – Ѕвоно Ангелов.
Ненад Коциќ, актуелен пратеник, е кандидат за градоначалник на Велес, лекарот Мирко Стојановски е кандидат за градоначалник на Брвеница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

