Македонија
СДСМ: Ги штитиме граѓаните, за 10 и 15 отсто ги намалуваме цените на тестенините и на млечните продукти
Десетина дена по одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на 33 денари, Владата предводена од СДСМ донесе нова одлука со која се корегираа цените на други прехрабени продукти, рече на денешната прес конференција Дарко Каевски.
-Од понеделенк 13 март цените на тестенините, поточно на шпагетите и макароните, ќе се намалат за 15 отсто, односно за осум или девет денари во однос на цената која се применувала на први март во трговијата на мало во државата. Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година, рече Каевски.
Тој додаде дека од среда, 17 март намалување на цените ќе се применува и на млекото и млечните производи. Цените на овие производи ќе се намалат за 10 отсто. Се намалуваат цените на млекото со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

