Македонија
СДСМ: Градиме за иднината, почнува најголемиот енергетски проект „Чебрен“
Енергетските политики на СДСМ даваат резултати. Владата предводена од СДСМ спроведува стратешки инфраструктурни проекти за енергетски сигурна и стабилна иднина, велат од СДСМ.
„После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект во државата, хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра.
Новиот енергетски капацитет од 333 мегавати целосно ги задоволува потребите на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја.
ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за реализација на Чебрен и не успеа, СДСМ направи успешна постапка со што овој проект влегува во фаза на реализација.
Со успешната постапка се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните. Со промена на одлуката на Владата на ДПМНЕ од 2013 година, Тиквеш се внесува во заедничка компанија, 3 месеци по пуштањето со работа на ХЕЦ Чебрен“, се посочува во соопштението на владејачката партија.
Целата инвестиција, како што појаснуваат, од над 1 милијарда евра е обврска на инвеститорот, државата и граѓаните нема да потрошат ниту денар за објектот. На крај се прави акционерско друштво во кое ЕСМ има 30% сопственост.
Според нив, со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, се зголемува енергетската независност на нашата држава и стабилноста на енергетскиот систем, но и се намалува производството од јаглен.
„Енергетските успеси на СДСМ се реалност. За нецела година за 140 % е зголемена инсталираната моќност на капацитетите од обновливи извори, ивозот на струја е пеполовен од 30 на 15% благодарение на овие инвестиции, цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна, а од 1 декември повторно стартува дневната евтина тарифа на струјата“, се нагласува во напишаното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ
„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за 161 тендер за една фрима, 51 тендер преку општините за друга, 74 тендери за трета, нема одговори за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, велат од СДСМ.
„Милионски тендери добиваат едни исти фирми блиски до власта а Обвинителството молчи и не презема ништо. Судството и обвинителството се целосно под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Поставуваат свои луѓе на клучни позиции, носат „реформи“ и закони спротивни на препораките од ЕУ.
Очигледно Обвинителството служи како алатка за заплашување. Безбедосните службите се злоупотребуваат за следење, медиумите од мрежата на Орбан за црни кампањи.
Му се закануваат на претседателот на синдикатот кој се бори за поголема минимална плата за работниците. Го следат дури и кога е со своите деца. Сѐ е исто како во времето на Груевски. Затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, соопшти СДСМ.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово
„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово. Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал согласно закон и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување на минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, истите не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството.
Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување?
Зошто не биле доследно применети Законот за градење и Законот за здравствена дејност?
Зошто профитот бил ставен пред јавното добро?
Филипче и СДС наместо безбедноста на граѓаните ги интересирале провизии, анекси и тендери.
Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија.
Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот.
Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

