Македонија
СДСМ: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ правеле измами со струјата на граѓаните
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, не сработеа ништо во интерес на граѓаните и оштините. Во секоја општина предводена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека деновиве граѓаните сведочат и дека некои од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветление од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинствата.
Мицкоски, наместо да измислува оправдувања, да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле измами со струјата на граѓаните.
Голема е нервозата во белата палата по откривањето дека неговите градоначалници правеле злоупотреби да обезбедат поевтино улично осветление кога неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште, каде што се проневерени 1,6 милион евра.
ВМРО-ДПМНЕ не се менува, останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК.
Македонија
„Влен“: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа
„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“.
„Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците.
ВЛЕН останува единствената консолидирана сила, со програма, со визија и со јасна структура за градење држава. Додека НАИ се распаѓа дел по дел, граѓаните и важните политички личности се враќаат таму каде што се наоѓа стабилност, сериозност и вистинска перспектива.
ВЛЕН ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно, заштитувајќи го општиот интерес и градејќи сигурна иднина за граѓаните, додека други ќе се справуваат со распаѓањето на коалиција која никогаш немала своја кауза“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
(Фото) Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра од Македонија: спречен е на Табановце
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава.

Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

На лицето му биле вратени 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени.

