Македонија
СДСМ: Дали Арсовска смета дека со мерка која трае 1 ден го решила аерозагадувањето во Скопје
Арсовска со укинувањето на бесплатниот превоз и мерките против загадувањето за еден ден, покажува неспособност и аматеризам, реагира СДСМ.
Партијата прашува дали градоначалничката Арсовска смета дека со мерка која трае 1 ден го решила аерозагадувањето во главниот град.
„Нема друго логично објаснување зошто Данела ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки. Арсовска за три пати го намали буџетот за Секторот за животна средина, ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори. Исто така ги укинува и девалвира добрите еколошки проекти воведени од градоначалникот на СДСМ Петре Шилегов“, велат од СДСМ.
Со ваквиот пристап, како што додава партијата, Арсовска не го решава проблемот со загадувањето на воздухот во главниот град, нема ниту знаење ниту способност за тоа и покажува неспособност и аматеризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

