Македонија
СДСМ: ДПМНЕ влезе во Владата со ДУИ, пишман аџијата Мицкоски се загуби, едно зборува, друго мисли, трето прави
ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ.
Пишман аџијата Мицкоски се загуби, едно зборува, друго мисли, трето прави, истакнуваат од партијата на власт.
„Прво ја проблематизираше техничката влада, потоа велеше дека ДПМНЕ нема да учествува во неа и на крај влезе во Влада со ДУИ.
ДПМНЕ предложи министри за во техничката Влада а не ги гласаа во македонското Собрание, односно ги бојкотираа.
Седат во техничката Влада а се прават дека не се дел од неа“, дополнуваат од партијата на власт.
Според СДСМ, Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука и дефинитивно не знае каде тера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација низ општина Илинден
Во областа на патната инфраструктура, од особена важност за унапредување на безбедноста во сообраќајот е редовното одржување и обележување на локалните улици и патишта, со што се обезбедува поголема видливост и уредност на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а со тоа се обезбедува и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот, особено за најранливите категории, пешаците и велосипедистите, велат од општината Илинден.

„Во рамки на Програмата за одржување на патната инфраструктура на Општина Илинден, поставена е нова хоризонтална сигнализација на неколку значајни локации низ општината. Извршено е обележување на надолжна бела линија на локалниот пат Кадино–Мралино во должина од 500 метри, на локалниот пат Кадино–излез кон автопат М3 во должина од 1000 метри, како и на локалниот пат Кадино–Миладиновци, излез кон автопат М1 во должина од 7000 метри. Дополнително, обележана е надолжна линија на локалниот пат Илинден–Ајватовци–Мршевци во вкупна должина од 6000 метри. Покрај, хоризонталната сигнализација, на неколку локации низ општината, извршено е и поставување на нова вертикална сигнализација.

Со овие активности се подобрува читливоста на коловозната сигнализација, се зголемува дисциплината во сообраќајот и се намалува ризикот од несреќи, особено на критични делници и места со зголемен интензитет на движење. Во таа насока, Општина Илинден ќе продолжи со вложувања во модернизација на патната мрежа, како и со поставување нова вертикална и хоризонтална сигнализација со цел создавање побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот“, соопши општината Илинден.
Македонија
(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”
Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 63 животи, рече дека никој не може да претпостави колку време ќе трае постапката. Таа ги повика сите учесници на дисциплина за да може да се дојде до вистината и правдата.


„Не можам да ви гарантирам брзина, но повикувам на дисциплина и редовност за да дојдеме до вистината и до правдата. Колку ќе трае судењето, дали ќе бидат пет месеци или пет години никој не може да знае“, рече судијката Груевска-Илиевска.
Најави транспарентност за време на судењето, а оштетените ги замоли на судењата да се договорат да испраќаат по еден член кој подоцна ќе им ги пренесува информациите оти и најголемата судница во земјава се покажа тесна.


Судијката повика на дисциплина на судењата и нагласи дека секој што нема да ги почитува „правилата на игра“ ќе биде опоменат, а втора опомена ќе значи исфрлање од судница или парична казна.
За заштита од непотребни одлагања, судијката рече дека судот дополнително ќе ги проверува сите лекарски белешки.
Судењето почна утрово, но повеќе од еден час трае евиденција на присутните.
Ова е најголемо судење во земјава со обвинети 35 физички и три правни лица, 15 обвинители, а многумина од обвинетите имаат и по двајца адвокати.
Македонија
Прекин на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон
Поради одрон патот Македонски Брод – Скопје е во прекин.
„Во 08:40 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот Јасен сообраќајот е во прекин поради одрон на патот“, информира АМСМ.

