Македонија
СДСМ: Еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија во Чаир е без никаква институционална реакција
Еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија, над 150 дивоградби во Чаир е без никаква институционална реакција. И наместо овој скандал да биде предмет на итна истрага, санкции и одговорност – власта ја штити урбаната мафија, изјави Љубица Јанчева координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.
„Се издавале фалсификат решенија, се правеле згради каде што требало да има улици, со еден збор тотален хаос. И наместо акција на институциите, Мицкоски зборува за “дестабилизација”, истиот рефрен кој го слушавме од Груевски кога се обидуваше да прикрие криминал“, рече таа.
Јанчева прашува кој интерес стои зад заштитата на овие 150 дивоградби, зошто Мицкоски не бара одговорност од своите коалициски партнери во ВЛЕН и зошто Панче Тошковски не отвора истрага?
„Кој го контролира урбаниот криминал во Чаир – и што добива ВМРО-ДПМНЕ за возврат? Овој скандал е тест за владеење на правото. А власта падна на тој тест. Наместо санкции – штитат криминал. Наместо постапки – закани и сценарија за страв. Како советничка група бараме вонредна седница на Советот на Град Скопје. Советот има обврска за вака важно прашање да дискутира, да видиме дали и во други општини под власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ има вакви криминали со дивоградби“, рече Јанчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

