Македонија
СДСМ: Замрзнувањето на цените го штити стандардот на граѓаните
СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните во време на светска економска криза, истакнуваат од партијата на власт.
Додаваат дека се проширува листата на производи со замрзнати цени на одредени видови овошје и зеленчук.
„Нови пониски цени се очекуваат за кромидот, доматите, краставиците, пиперките, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимоните, како и на гравот и леќата.
Веќе има нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и на влошките се намалува 13 отсто.
Претходно, цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.
Млекото и млечните производи се поевтини 10, а тестенините 15 проценти.
Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година“, се наведува во соопштението од СДСМ.
СДСМ, како што велат, продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки што го штитат стандардот на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

