Македонија
СДСМ: За разлика од фиримите од Белизе, Анѓушев уредно си го пријави својот имот
ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прифати успешните политики на Владата предводена од СДСМ и затоа продолжува да ја лаже јавноста преку лажни вести и измислици, реагираат од владејачката СДСМ во однос на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тендерот за кој денеска ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинува никогаш не бил реализиран. Иако не постоела законска пречка, вицепремиерот Кочо Анѓушев се откажа од јавниот повик што беше добиен во време кога тој не бил именуван функционер. Пред да шири измислени скандали, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја научи основната економска лекција дека државната сопственост е разделена од приватната“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да измислува лаги, кога токму таа партија била на пат целото стопанство да го претвори во семеен бизнис на фамилијата.
„За разлика од офшор шемите и фирмите од Белизе на ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот задолжен за економски прашања Анѓушев, прикажа се во својот имотен лист којшто беше јавно и транспарентно објавен“, стои во соопштението.
Од владејачката партија наведуваат оти очигледно е дека измислиците и лажните вести остануваат единствен начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ.
„Опозициската партија не покажува капацитет да ги надмине поразените политики на пропаганда и манипулација. Владата предводена од СДСМ и сите нејзини функционери продолжуваат да работат посветено, одговорно, отчетно и единствено во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

