Македонија
СДСМ: За хаосот со ѓубрето во Скопје, одговорноста е кај Мицкоски и кај градоначалниците на ДПМНЕ
„Со денови Скопје се дави во ѓубре. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде невиден хаос. Ваква катастрофа во Скопје е незапаметена досега. Ова што Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ му го направи на главниот град е срамно и тажно во исто време“, соопшти СДСМ.
„Мицкоски ги излажа и ги изневери скопјани. Лично Мицкоски бараше гласови за Арсовска, ја промовира за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува денеска.
Наместо модерно Скопје, како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа.
До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, со едно ѓубре не може да излезат на крај“, велат од СДСМ.
„ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија. Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град.
Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

