Македонија
СДСМ: Здравствените работници беспоштедно се жртвуваат, да им помогнеме со почитување на препораките

Справувањето со коронавирусот е сериозен предизвик, здравствените работници беспоштедно се жртвуваат – да им помогнеме со доследно почитување на препораките и задолженијата од институциите. Како држава се соочуваме со сериозен предизвик, каков што е коронавирусот, но само со заеднички сили и сплотени овој предизвик успешно ќе го надминеме, соопшти СДСМ.
Според партијата, преземени се сериозни и ефикасни мерки за заштита од коронавирусот, сите здравствени институции и целиот здравствен кадар е мобилизиран, воведени се низа мерки, кои ќе обезбедат спречување на ширењето на вирусот, ќе се санираат економските последици.
„Но, за ефикасна борба и побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот, мора сите доследно и целосно да се придржуваме до препораките на Владата и на Министерството за здравство. Ги повикуваме граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не мораат, да не се групираат, да внимаваат на хигиената…
На тој начин ќе се заштитиме себе си и своите најблиски, ќе дадеме значаен придонес во надминување на состојбата со коронавирусот, но и ќе им помогнеме на здравствените работници, кои беспоштедно се жртвуваат за здравјето на сите граѓани. Здравствените работници се на првата борбена линија, искажуваме огромна благодарност за нивната професионалност и пожртвуваност, а наше е преку одговорно однесување и почитување на препораките да им ја олесниме работата и да им помогнеме“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.