Македонија
СДСМ: Мицкоски во 2015 добил државно земјиште за изградба на хидроцентрала

Поврзаноста на антизападниот пион Христијан Мицкоски со криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излегуваат на површина, обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение испратено до јавноста.
„Конзорциумот во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали. Мицкоски и конзорциумот во кој тој има удел, токму во време кога е советник на носителот на криминалот, Никола Груевски, во 2015 година, добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала“, наведува СДСМ во соопштението со кое од партијата до медиумите испратија и решение за определување на платата на Мицкоски како советник на Груевски, како и одлука за закуп на земјиште објавена во „Службен весник“.
Вчера поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков преку отворено писмо до Мицкоски се осврна и на закупот на земјиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

Денес, во рамките на континуираните активности за унапредување на здравствените услуги, генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, заедно со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, остварија работна посета на ЈЗУ Општа болница Велес.
Во фокусот на посетата беа состојбите со здравствените услуги на регионално ниво, унапредувањето на соработката помеѓу болницата и Фондот, како и презентирањето на новите мерки за подобрување на достапноста до онколошката терапија за пациентите.
Од 4 август 2025 година, пациентите кои се лекуваат со таблетарна онколошка терапија – анастрозол и летрозол, ќе можат својата терапија да ја подигнуваат директно во аптеките, на товар на Фондот.
„Со оваа мерка, пристапот до терапијата значително се олеснува, а пациентите ќе имаат поедноставена процедура. Потребно е само да добијат извештај од својот онколог, да земат рецепт од матичен лекар и со тоа да ја подигнат терапијата во аптека. Партиципацијата ќе изнесува околу 50 денари“, истакнаа генералните директори.
Во текот на посетата, беше најавена и набавка на нова медицинска опрема за потребите на болницата.
„Велешка Општа болница ќе набавува медицинска опрема за Интерно, за Очно, Детско и за Одделението за неврологија и психијатрија. Набавката е обезбедена од вкупно издвоените 40 милиони денари фондовски средства, од кои поголемиот дел се за подмирување на долгот на установата, а дел за плати на нововработените и за нова опрема,“ нагласи Клековски.
„Ќе се набавува медицинска опрема за повеќе одделенија. Ќе ја потенцирам најзначајната – за Одделението за офталмологија, каде веќе е набавен вакум апарат, а сега ќе се набави и микроскоп, со што ќе се комплетира опремата за редовна работа. Тоа значи дека во Велес ќе можат да се изведуваат и хируршки зафати на очи“, додаде Клековски.
Работната посета на Велешката болница е дел од пошироките активности на Фондот за приближување на здравствените услуги до граѓаните и воспоставување одржлив модел на лекување кој ги става пациентите во центарот на вниманието.
Македонија
Сиљановска-Давкова со Советот на амбасадори: потенцирана важноста од именување на кариерни амбасадори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски.
Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети и консултации за меѓународните прашања.
Беа детектирани потенцијалните области за меѓусебна соработка и понудени идеи, предлози и иницијативи, коишто би придонеле за зајакнување на надворешно-политичките капацитети на државата.
Со цел унапредување на македонската дипломатија, соговорниците ја потенцираа важноста од именување на кариерни амбасадори како прв избор, истакнувајќи го значењето на нивното искуство за соодветно и достоинствено претставување на земјава во светот.
Претседателката ги поздрави амбициите на амбасадорите за поттикнување на професионален дијалог за прашања од национален интерес и изрази подготвеност за натамошна комуникација. Укажувајќи дека првата слика за државата е најбитна, Сиљановска-Давкова посочи дека искуството и потенцијалот што го имаат членовите на Советот може да претставува драгоцена помош во носењето на одредени одлуки.
На средбата таа ги реафирмираше заложбите за правична застапеност на жените во дипломатијата и придобивките од формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност.
Соговорниците разменија мислења за македонската надворешна политика, односите со соседите, за Преспанскиот договор и членството на државата во меѓународните организации.
Македонија
Заев сам призна дека потпалувачот на пожар бил шофер кај него, СДС да се извинат, бара ВМРО-ДПМНЕ

А.Н. шоферот на Заев кој е уапсен за потпалување пожар бил шофер на Заев, тоа и самиот го признава, но како народната – ,,Не по врат, по шија“ се вади, не беше мој, на општината беше“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности“, кажа Зоран Заев за неговиот шофер пироман“, стои во реакацијата на владејачката партија.
СДС, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, наместо да пишува излитени одговори на прес-конференции, треба да се соочат со фактот дека се разобличени.
Како што истакнуваат, луѓе блиски до Заев и СДС се уапсени за потпалување пожари.
„Не очекувавме од Заев дека ќе признае дека се најблиски, но од СДС очекувавме минимум човечки капацитет и да го осудат потпалувачот и да се дистанцираат од Заев, но очигледно тоа е преголемо очекување“.