Македонија
„СДСМ им ветувала на ДУИ колач од 70 проценти од власта и институциите само за да ги земат на власт“, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид пред граѓаните обзнани едно сценарио, една завера која ја подготвува актуелната власт и со која си се лажат себе си дека ќе им успее.
„А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат се до 70 проценти“, појасни Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните да излезат во поголем број на изборите и оваа актуелна власт да ја испратат на буништето на историјата каде што и заслужуваат.
„Затоа ве повикувам во што е можно поголем број да излезете и да им кажете што мислите за ваквите нивни сценарија, да има покажеме сите заедно што е и колкава е силата на Македонија и да ги испратиме на буништето на историјата каде што заслужуваат. Излезете на избори и гласајте“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа на улицата Филип Втори (пред хотелот Холидеј ИН) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Филип Втори, Мирче Мацан, Мирче Ацев и Кеј 13 – Ноември, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Дел од Батинци денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Батинци, општина Студеничани.
Корисниците ќе бидат без струја од 08:30 до 13:30 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со појава на грмежи.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.