Македонија
СДСМ: Инсталиравме 600 мегавати од обновливи извори, ДПМНЕ само 16

Во изминатите две години имаме најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија, велат од СДСМ.
„До 2016 година во време на владата на ДПМНЕ имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија.
Само во изминатите две години во мандатот на СДСМ се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат околу 170 илјади домаќинства со струја.
Одговорните енергетски политики на СДСМ, спроведувањето на енергетската транзиција доведоа до стабилност на цената на електричната енергија и враќање на евтината дневна тарифа на струјата за граѓаните.
СДСМ продолжува со спроведување на енергетската транзиција и инвестиции во енергетиката, за ефикасен и одржлив енергетски сектор“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.