Македонија
СДСМ: Кавгите на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска открија шокантни признанија за закани од Мицкоски

Кавгите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од една страна, и Данела Арсовска, од друга, открија скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови. Заканите што ги посочува Арсовска потврдуваат дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата насилничка матрица што граѓаните на своја кожа ја чувствуваа цели 11 години, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека навреди, клевети, уцени, закани за физичко насилство, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Додека Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се расправаат за пари и тендери, интересот и потребите на граѓаните орсе забавени, градот Скопје е во хаос, а јавните претпријатија се во колапс.
Штетата од тоа ја трпат граѓаните на Скопје, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Не користи мобилен телефон додека возиш“ – превентивна активност на СВР Охрид

Вчера, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид спроведоа превентивно – едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
На повеќе пунктови во Охрид, полициските службеници остварија непосредна комуникација со возачите на моторни возила и им укажуваа дека користењето мобилен телефон при управување со возило може да биде опасно како за нивната, тка и за безбедноста на другите учесници во сообрачајот, извести СВР Охрид.
Полициските службеници посочија дека користењето мобилни телефони во текот на возењето го одвлекува вниманието, се намалува внимателноста кон состојбите на патиштата и се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди. Целта на кампањата е јакнење на сообраќајната култура, свеста и совеста кај возачите за активен придонес во зголемувањето на безбедност во сообраќајот на патиштата. На возачите им беа поделени летоци со едукативни совети и насоки, соопшти СВР Охрид.
Македонија
(Видео) „Скандалозната најава од Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење веќе подготвени списоци со имиња на ‘подобните’ партиски кадри“, вели Кузеска

„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација. Скандалозната најава од вицепремиерот Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење на веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Очигледно станува збор за политички дил меѓу ВЛЕН и ДПМНЕ односно меѓу Мицкоски и Меџити за робусно полнење на јавната администрација со луѓе блиски до владејачките партии.
Пред локалните избори власта спремила робусно полнење на администрацијата со партиски послушници, додека компетентните луѓе и младите остануваат без никаква шанса.
Затоа Македонија ги губи младите, поради корупција, партиски клиентелизам и нееднакви можности. Способните си заминуваат бидејќи знаењето се заменува со партиски кадри.
Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.
ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал.
Граѓаните заслужуваат држава каде што секој има еднакви можности, а не распределување на работни места според партиски списоци“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Македонија
(Видео) Мишиќ: Итни и конкретни чекори за безбедни улици сега, не утре

Претседателката на Либерално-демократската младина (ЛиДеМ) и член на Извршниот одбор на ЛДП, Јелена Мишиќ, вели дека улиците стануваат бојно поле, а младите животи секојдевно згаснуваат.
„Последните трагедии низ Скопје ја покажаа суровата реалност – несоодветната инфраструктура, отсутната контрола и негрижата на институциите кои чинат живот. Ова не е статистика, ова е нечија судбина! Либерално-демократската партија бара итни и конкретни чекори! Пешачките премини не смеат да бидат избледени и невидливи, улиците мора да бидат јасно обележани, а хоризонталната и вертикалната сигнализација редовно обновувана. Несфатливо е во 21 век да бараме пешачки премин „на среќа“ или да газиме по избледени линии“, посочува Мишиќ во својата изјава.
Според Мишиќ, локалните власти мора веднаш да формираат Совети за безбедност во сообраќајот таму каде што ги нема, а во оние општини каде што постојат, да се ангажираат вистински професионалци кои ќе предложат одржливи решенија, затоа што без стручни луѓе, секоја мерка е само празен збор.
„Бараме да се воведат ‘платоа за забавување на сообраќајот’ пред училиштата и градинките, а брзината во централните подрачја да се ограничи на 30 км/ч. Ова не е популизам – ова спасува животи. Сообраќајниот хаос мора да се реши и преку паметно организирање на паркинзите, за тие да не претставуваат пречка, туку дел од решението“, порачува Мишиќ.
ЛДП, додава Мишиќ, нема да дозволи оваа тема да биде заборавена по неколку дена. Улиците мора да бидат безбедни за сите – сега, не утре!