Македонија
СДСМ: Како најнеуспешен директор на ЕСМ, Мицкоски треба да молчи на тема енергетика
Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на Електрани на Северна Македонија (поранешно ЕЛЕМ) и затоа најдобро му е да молчи на тема енергетика, реагира СДСМ, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа го претстави новиот партиски концепт.
„Имаше можност Мицкоски и како директор и како советник за енергетика на Никола Груевски да направи многу на тема енергетика, на тема еколошки и обновливи извори на енергија. Но наместо тоа во негово време беше укината евтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто, а државата беше зависна од увоз на скапа електрична енергија. Тоа се ‘резултатите’ на Мицкоски во енергетиката, затоа денеска никој не верува во неговите ветувања“, велат од СДСМ.
Во реакцијата, владејачката партија наведува и дека денес Мицкоски копира проекти за гасификација на домаќинства, ги копира концептите „Парите назад кај граѓаните“ и „Едно општество за сите“ на СДСМ кога веќе не може да понуди свои оригинални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

