Македонија
СДСМ: Коалицијата Арсовска – ДПМНЕ – Левицата против проектот за Универзалната сала
Коалицијата Арсовска – ДПМНЕ – Левицата застана против проектот за реконструкција на Универзалната сала, каде што работите стојат во место повеќе од една година откако градоначалничката реши да не го продолжи овој проект, обвини СДСМ.
„Не ја ставија ниту на дневен ред на Советот на Град Скопје иницијативата на советничката група на СДСМ за привремено отстапување на Универзалната сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, која е подготвена да ја заврши реконструкцијата. За реконструкцијата се обезбедени средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.
Владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – Левицата во Град Скопје и Арсовска, и покрај обезбедените средства, ја оставија Универзалната сала да пропаѓа. Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата на симболот на Скопје, Владата, која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.
Арсовска – ДПМНЕ – Левицата не ги засега ниту тоа што Универзална сала како носител на проектот „Скопје – европска престолнина на културата – 2028 година“ е влезена во потесниот избор. Универзалната сала како симбол на Скопје и на солидарноста, градена по катастрофалниот земјотрес во 1963 година со донации од десетици држави, не е единствениот проект што е закочен или прекинат од локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Со неспособната коалиција Арсовска – ДПМНЕ – Левицата, Град Скопје назадува и не е во состојба да ги испорача ниту најосновните функции за граѓаните“, соопшти владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 32.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.