Македонија
СДСМ: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата
Владата предводена од СДСМ со почнување на силна градежна офанзива на Коридорот 8 носи нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството, велат од владејачката партија.
„Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на државата.
Изградбата на модерни, современи автопати на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, обезбедува подобро и побезбедно поврзување за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите.
Коридорот 8 е дел од најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од речиси 110 километри, во вредност од 1,3 милијарда евра.
СДСМ ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, во проекти што обезбедуваат економски раст на државата и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“, се наведува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

