Македонија
СДСМ: Листата на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата

Листата на пратеници на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата, за откажување и враќање назад во изолација, смета СДСМ.
Од партијата преку соопштение велат дека над 80 отсто од имињата се истите што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието.
„Лупаа и тропаа да го попречат европскиот пат на државата во ЕУ
Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите.
Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ.
Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
ДПМНЕ потврдио дека не е за промени и дека не може нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро
Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да не’ чуваат не’ убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“.
На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите на концертот на групата ДНК.
Тие се собраа пред зградата на Општина Кочани, извикувајќи „Секој еден може да биде следен!“.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица.
Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.
Македонија
Траат увидните дејствија за несреќата во дискотеката во Кочани, соопшти обвинителството

Увидните дејствија на терен за несреќата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште траат, информираат од Јавното Обвинителство.
Според последните инфорации од таму, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска повторно е во Кочани каде што ги координира активностите на тимот обвинители назначен да ги спроведува истражните дејствија.
Оттаму е најавена и изјава на Коцевски во 16:00 часот пред Основното јавно обвинителство Кочани.
Македонија
Утре ден на жалост и во БиХ поради трагедијата во Македонија

Владата на Босна и Херцеговина на денешната итна седница донесе одлука со која 18 март 2025 година го прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија.
Оваа одлука е донесена за да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март 2025 година во градот Кочани, Северна Македонија, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар.
Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, или на јарболот, на зградите на законодавните, извршните и судските власти, јавните институции, институциите и другите правни лица на територијата на Федерацијата БиХ.
На Денот на жалост не може да се одржуваат културно-забавни програми на јавни места во Федерацијата БиХ, а медиумите на територијата на Федерацијата БиХ се обврзани да ја усогласат и прилагодат својата програмска содржина на Денот на жалоста.