Македонија
СДСМ: Маските паѓаат, радикални михајловисти дел од кампањата на Арсовска
На 27 октомври на својата фејсбук-страница Данела Арсовска објави фотографија како дели пропагандни материјали со радикален член на Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола и МПЗ „Тодор Александров“, објавија денеска од градската организација на СДСМ.
Од таму посочуваат дека здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола има цел „рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.
„За време на пописот, на 17 септември, Културниот центар ‘Иван Михајлов’ – Битола упати повик за попишување на Бугарите од Македонија со слоганот ‘Еден народ во две држави’“, посочуваат од СДСМ и за тоа приложуваат фотографија од повикот на социјалните мрежи.

„Дека станува збор за радикален националист, говори и оваа фотографија на истото лице со автоматско оружје во раката пред партискиот грб на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласуваат од партијата.

Од таму велат дека станува збор за дел од радикалните членови на МПЗ „Тодор Алексадров“, кои подоцна го основале Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола.
„Во 2016 година, по инцидентот на Мечкин Камен, СДСМ јавно бара да се забрани натамошно учество на здружението ‘Тодор Александров’ на Илинденскиот марш поради отворена промоција на фашистички идеи од страна на неговите членови и величање ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ. Културниот центар ‘Иван Михајлов’ – Битола отворено го негира 11 Октомври како национален празник. На 11 октомври Културниот центар ‘Иван Михайлов’ – Битола објави: ‘ДНЕС Е “ПРАЗНИК” В МАКЕДОНИЯ, НАРИЧАН 11 ОКТОМВРИ. Празнуват го ВСИЧКИ сърбокомунисти, а национално потиснатият ни народ оплаква своите близки убити или безследно изчезнали след 1945 година в сърбо – комунистическите затвори в Идризово, Голи Оток’“, посочуваат од СДСМ.
Од градската организација на партијата велат дека Данела Арсовска ѝ должи на јавноста одговор зошто дели пропагандни материјали заедно со член на здружение што го оцрнува антифашистичкиот празник 11 Октомври и пропагира дека Македонците и Бугарите се „ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДЪРЖАВИ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

