Македонија
СДСМ: Милошоски да си поднесе оставка од функцијата пратеник зашто ги излажа граѓаните

Најнеуспешниот министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски, лажеше додека беше на власт, а лаже и денес како пратеник од опозицијата, на штета на сопствената држава, обвини владејачката партија СДСМ.
„Не успеаја лагите на Антонијо Милошоски во кои тврдеше дека дури 7 земји членки се против нашата држава да ги почне преговорите со ЕУ. Таквите лаги и официјално се демантирани.
Се потврди дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ свесно шири лажни вести против државните интереси и интересите на граѓаните. Кога се докажа дека свесно лаже, Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.
Граѓаните не заслужуваат пратеници што свесно лажат и манипулираат. Милошоски не е достоен да ја врши функцијата пратеник“, стои во партиската реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Инвестираме во грижата и образованието на децата од градинките

„Како Влада на „Влен“, продолжуваме да придонесуваме за подобрување на условите за нашите граѓани. Како дел од инвестирањето во подобри образовни услови и инфраструктура во предучилишното образование, Владата на „Влен“ инвестира во изградба на градинки во Чаир и Сингелиќ. До 2028 година, се очекува да се создадат речиси 4.000 нови простори во градинките низ целата земја, преку изградба на 28 нови капацитети. Како што најави министерот Фатмир Лимани, досега се изградени капацитети што овозможуваат сместување на околу 1.500 деца, додека во изградба се уште 11 објекти што ќе обезбедат простор за уште над 1.100 деца“, велат од „Влен“.
„Оваа инвестиција е важен чекор кон пошироко вклучување на децата во образовниот систем од рана возраст, гарантирајќи подобар и порамноправен почеток за сите деца без етнички, социјални или регионални разлики. Современите дневни центри што се градат се опремени со современи и модерни стандарди, што обезбедува безбедна, топла и образовна средина за децата и нивниот развој. Оваа инвестиција од Владата која се грижи за граѓаните уште еднаш ја покажува важноста што се дава на инвестирањето во иднината на земјата преку квалитетно образование за нашите деца од предучилишна возраст.
Покрај директните придобивки за децата, преку обезбедување поквалитетно образование, овие проекти позитивно влијаат и на животот на нивните родители, кои ќе имаат повеќе можности за професионално ангажирање на своите работни места. Бидејќи грижата, безбедноста и образованието на децата ќе се одвиваат во дневните центри што се градат. Овој проект, исто така, го промовира локалниот развој, создава нови работни места и ја зајакнува заедницата.
Владата на „Влен“ останува посветена на создавање одржлива образовна инфраструктура што ќе им служи на сегашните и идните генерации!“, соопшти „Влен“.
Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.