Македонија
СДСМ: Минималната пензија ја зголемивме за 46 отсто, во септември следно покачување на пензиите
Владата предводена од СДСМ во континуитет на дело покажува вистинска грижа за пензионерите, рече на денешната прес конференција Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
– Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите, двапати годишно. Преку таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто. По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто, рече таа.
Устамитова додаде дека преку одговорен инклузивен пристап од 2017 година до сега минималната пензија ја зголемиле за 46 отсто.
– Надоместок до пензија, а потоа и пензија обезбедивме и за стечајните работници, а за оние лице кои не ги исполнуваа условите за стекнување пензија, обезбедивме социјална пензија во висина од 6000 денари. Во време на најголема светка економска и енергетска криза, за сите 330.000 пензионери обезбедивме дополнителна финансиска помош во период од три месеци, а за пензионери со ниски пензии обезбедивме и субвенционирање на сметките за електрична енергија, рече Устамитова и додаде дека „сето ова се показатели за вистинската грижа за нашите највозрасни сограѓани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

