Македонија
СДСМ: Мицкоски да одговори каква корист има од фирмата на неговиот баџанак
Мицкоски се крие и и не дава одговори каква е неговата корист од фирмата на неговиот баџанак отворена во Бугарија за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, реагирајќи на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде претходно обвинија дека Заеви имале три фирми во Бугарија кои се водат на иста адреса.
„Како што се доближуваат претседателските избори, така и нервозата во белиот дворец станува сè поголема. Христијан Мицкоски и денеска молчи и не даде одговори за фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев, ‘Дано транс ЕООД’ формирана во Бугарија во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ѝ остана должен на јавноста да одговори кој е неговиот личен интерес од фирмата на неговиот баџанак бидејќи станува збор за фирма од најтесното семејство на Хидро Мицкоски“, додава СДСМ во реакцијата.
Според владејачката партија, Мицкоски е нервозен, но јавноста од него очекува јасни и директни одговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

