Македонија
СДСМ: Мицкоски да организира отворени денови во Белиот дворец
„Христијан Мицкоски толку се соживеа со улогата на шпицен градоначалник, што сега најавува отворени денови во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Општините и по Законот за локална самоуправа треба да бидат постојано отворени за граѓаните, но тоа не важи за ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски треба да организира отворени денови во Белиот дворец, во нелегално стекнатата палата на криминалот.
Таму граѓаните да можат да го видат скапиот паркет од 75.000 евра, вазните, лустерите од стотици илјади евра но може и да даваат идеи за тоа како би се искористила луксузната зграда откако ќе биде запленета од државата, затоа што е нелегално стекната и тоа е потврдено со судска пресуда.
За други идеи Мицкоски нема кредибилитет да зборува, општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, хаосот во главниот град, Скопје покажува колку шпицниот градоначачлник заедно со сите негови градоначалници се неспособни“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

