Македонија
СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите
ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот, а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ, велат од СДСМ.
„Граѓаните не смеат да останат без јасна перспектива, ниту ВМРО-ДПМНЕ има право еднострано да ги прекинува преговорите, без јасно да каже што е алтернативата. Тие ветуваа подобри услови во преговорите, ветуваат промена на преговарачката рамка, ветуваа мудра дипломатија. Од тоа засега нема ништо и не смеат понатаму да продолжат на овој начин, без план и без стратегија.
Ако се откажани од ЕУ интеграциите, треба да кажат која алтернатива ја нудат за долгорочен развој на државата. Ако не се откажани треба да кажат кој е планот, кои конкретни чекори се преземаат, кои се роковите и што може да очекуваат граѓаните по однос на ова прашање.
На затворената седница очекуваме да изложат детални информации за тоа кои членки ја поддржуваат идеајта на Владата за промена на преговарачката рамка, да кажат зошто стратешкиот партнер Унгарија гласаше за одовојување на Албанија и Македонија и кои се дипломатските стратегии со кои планираат да ја подобрат позицијата и откочат преговорите“, додаваат од опозициската партија.
СДСМ, како што подвлекуваат од партијата, ќе делува контруктивно во Собранието и ќе ја поддржи секоја искрена идеја да се надмине оваа состојба на статус кво во која сме доведени.
„ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека не е веќе опозиција и да демонстрира лидерство и визионерство наместо да ги гледа тесно партиските интереси“, истакнуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

