Македонија
СДСМ: Мицкоски е нагазна мина и опасен за животната средина
„ВМРО-ДПМНЕ за 11 години на власт направи бројни катастрофални и апсурдни проекти кои сведочат за нивното криминално владеење.Такво сведоштво е и фасадата од 11 милиони евра на МЕПСО, која на еден поголем налет на ветер се сруши и беше потенцијален ризик за животот на граѓаните. Бароко , спомениците, рајските градини се проектите што ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 години на власт, истовремено безмилосно расфрлајќи се со парите на граѓаните“, соопшти СДСМ.
„Поскапување на струјата за 100%, укинување на евтината тарифа и увоз на струја на вртоглави 38%.Тоа се проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираше за времето на владеење.
Затоа денес не се чудиме ниту на апсурдните проекти кои им ги нудат на граѓаните, а сè во насока на предизборни ветувања. Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што додека цела ЕУ има јасна стратегија на затворање на сите електрани на јаглен и за 30 години целосно да биде укинато, Христијан Мицковски предлага отворање на нова термоцентрала.
Додека земјата се гасифицира и додека одиме на соларни панели, Мицкоски сака да ја враќа земјата назад во енергетска опасност.Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ се огледа и во тоа што предлагаат гасификација на Клинички центар , а изгледа забораваат дека таа е завршена и Клинички е гасифициран.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја модернизирала РЕК Битола? Токму состојбата во РЕК Битола во 2017 беше катастрофална, а еколошките процеси очајни. Денес, постапката за новите филтри во РЕК Битола е готова и за првпат по 40 години од монтирањето филтри, РЕК Битола ќе има нови.Ќе се направи темелна реконструкција на трите филтри и замена на вентилаторите. Тоа значи дека за првпат по инсталирањето на филтрите во 80-тите години, во 2020 година оваа година наесен ќе се врши целосна реконструкција на електростатскиот филтер на овој блок, 2021 и 2022 на другите два блока и од 2023 до 2025 ќе се заврши и втората фаза десулфуризацијата. При тоа, обезбедени се 32 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ само потврдуваат дека кај нив ништо не се сменило, на граѓаните им нудат проекти кои се опасни за животната средина. Граѓаните добро нека ги запаметат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и најлошиот директор на ЕЛЕМ Мицкоски, кој е нагазна мина од која последиците на крај ќе ги трпат токму граѓаните. Деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се вратат, земјата мора да оди напред. Затоа на 12 април сите заедно ќе порачаме режим никогаш повеќе“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

