Македонија
СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, а референдумот е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ
Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, реагира СДСМ откако Мицкоски порача до власта да не го бојкотира референдумот.
„Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е против членството во ЕУ и сите негови активности се насочени исклучиво против ЕУ. Впрочем и самиот Христијан Мицкоски јавно кажа дека е против Европската унија. Мицкоски стана едно со Димитар Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ стана едно со Левица, проруска партија која е против НАТО и ЕУ. Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија. Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ. Референдум против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, против ЕУ не може да успее“, наведе СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

