Контакт

Македонија

СДСМ: Мицкоски не е самостоен лидер, туку марионета под директно влијание од Белград, што ја доведува нашата земја во опасност од регрес и изолација од Европа

Објавено пред

„Како во приказната на Андерсен „Царот е гол“, денес е јасно дека премиерот Христијан Мицкоски, познат како „малиот Вучиќ“, поради слепото копирање на авторитарните методи на Александар Вучиќ, го разоткри вистинското лице на владата на Македонија, која ја претставува тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски не е самостоен лидер, туку марионета под директно влијание од Белград, што ја доведува нашата земја во опасност од регрес и изолација од Европа. Ова не е само наше обвинување, тоа го потврдуваат бројни извештаи и статии од европски и меѓународни медиуми.

Од пред два дена сè се промени: апсењето на Николас Мадуро од страна на американските сили, доведе до обвинувања за нарко-тероризам и перење пари.

Вучиќ, кој до вчера го фалеше Трамп, сега директно го напаѓа (лично и преку специјален координиран програм на своите медиуми), нарекувајќи ја акцијата „уништување на меѓународното право“ и закон на „посилниот“, и најавувајќи двојно зголемување на српските воени капацитети за „одбрана“.

Ова доаѓа откако Џаред Кушнер, зетот на Трамп, ја повлече својата фирма „Affinity Partners“ од проектот за изградба на „Trump“ хотели во Белград, поради корупциски скандал, апсења на министри и владини функционери, судски процеси и протести, според пишувањата на американските медиуми „New York Times“ и „The Week“.

Сето ова се случува поради паниката на Вучиќ дека тој може да биде следниот на листата на американски санкции за корупција и криминал.

Американскиот претседател Трамп најавува понатамошни акции во светот, нагласувајќи дека Колумбија е следна на ред поради обвинувања за „кокаински фабрики“ и дрога, предупредувајќи го претседателот Густаво Петро да „внимава на себе“.

Овде не е крајот, очигледно постои некоја подолга листа.

Северна Македонија, Србија и Црна Гора ги чека поставување на нови амбасадори, а се очекува и примена на нова американска политика, против криминал и корупција, со санкции за корумпирани лидери, каде што американски официјални лица истакнуваат проширување на „црната листа“ за политичари и бизнисмени вмешани во корупција и организиран криминал.

Ова е дел од Законот за демократија на Западниот Балкан од декември 2025 година, кој ја критикува корупцијата меѓу клучните лидери во Србија и регионот“, соопштува СДСМ.

„Сè започнува од сликовитиот опис на Србија под Вучиќ како „Венецуела на Европа“, како што го нарече германскиот либерално-конзервативен магазин „Tichys Einblick“ во статија од септември 2025 година.

Во текстот, Србија е прикажана како земја во која корупцијата галопира, независните медиуми се систематски демонтираат, а стратешките суровини (како литиумот) служат како политички штит на режимот.

Авторот на текстот истакнува дека Вучиќ ја користи моќта за да ги уништува критичарите, да ги контролира медиумите и да одржува авторитарен систем, со примери како забрана на независни медиумски канали и обвинувања за корупција во инфраструктурата.

Оваа слика на Србија е огледало на она што се случува во Македонија под коалицијата ВМРО-ЗНАМ и копирањето на моделот што води во пропаст.

Оваа врска се манифестира преку бизнис и корупциски врски меѓу СНС (партијата на Вучиќ) и ВМРО-ДПМНЕ (партијата на Мицкоски).

Пример е влегувањето на српската Алта Банка на македонскиот пазар, која е директно поврзана со СНС на Вучиќ.

Според пишувањата на медиумите, Алта Банка, сопственикот Давор Мацура (близок до Вучиќ), е обвинета за перење пари од корупциски шеми во Србија, а нејзиното влегување во Македонија (превземање на Стопанска Банка АД Битола) е овозможено само неколку месеци по доаѓањето на власт на коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

СДСМ јавно обвини дека ова е „банка на Вучиќ“ која стана и банка за бизниси на Мицкоски и ВМРО-ЗНАМ, со сомнежи за потеклото на капиталот и врски со криминалци како Милан Радојчиќ, обвинет за обид да предизвика вооружен конфликт на Косово.

Од вчера, екстрадицијата на Милан Радојчиќ на косовските институции е поставена како услов за понатамошен продолжување на нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово.

Ова е дел од поширокото влијание на Вучиќ врз ВМРО и Македонија, каде што „српскиот свет“ (наведен во извештајот на ЕП), како националистички концепт што ЕУ го гледа како закана за стабилноста во регионот, се користи за да се блокираат ЕУ интеграциите на Северна Македонија.

На 7 септември 2025 година, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и поранешен директор на БИА, на државната комеморација на Кајмакчалан, во Македонија испрати порака оттаму започнало „враќањето во татковината“, и дека „Капијата на слободата“ низ која српската војска повторно „зачекорила во својата земја“. Немаше никаква официјална државна реакција за оваа изјава.

Според „EUObserver“ од ноември 2024 година, „српскиот свет“ на Вучиќ (копија на „рускиот свет“ на Путин) ја цели Северна Македонија, спречувајќи го нејзиниот напредок кон ЕУ.

„Balkan Insight“ од декември 2025 година истакнува дека ЕУ мора да ја зајакне улогата за да го „скрши“ овој проект и да го ограничи ова влијание во нашата земја.

Мицкоски, под влијание на Вучиќ, покажува дволичност во реакцијата на апсењето на Мадуро: ја поддржува акцијата на САД но истовремено не ја поддржува, тврдејќи дека не е почитувано меѓународното право и дека ова е „опасен преседан“ што го поткопува глобалниот поредок.

Веројатно, како и Вучиќ, се плаши што го чека, токму поради неговиот личен однос со Вучиќ.

Ова е уште еден доказ за неговата зависност од Белград, каде што ги копира ставовите на Вучиќ за да избегне притисок од Вашингтон.

Актуелниот случај „мигранти за пари“ покажува колку е ова опасно. Тие се подготвени на сè, за да ја зачуваат власта, па не бегаат ниту од преземање на мигранти што трајно можат да ги запрат ЕУ интеграциите, но и да доведат до загрозување на безбедноста на граѓаните на Македонија, имајќи предвид на кои лица се однесува овој договор.

Пред сè се мисли на лица со криминална историја. За ова показател е усвоениот предлог за измени на точките од Конвенцијата за човекови права (10 декември), на одредбите на Конвенцијата за депортација на мигранти кои имаат било каква врска со криминал.

За оваа тема, во последниот месец, британските медиуми известуваат за постоење на договор со македонската влада.

По нашите реакции и предлози за усвојување на Резолуција со која би се спречил таков договор, Владата ВМРО-ЗНАМ одговори со донесување на собраниска Резолуција по урнек на Хитлеровиот Декрет од 1933 година, која ја осудува опозицијата за ширење приказни за мигрантите, што всушност е обид да се ограничи слободата на говорот и критиката на сметка на корупцијата и откривањето на криминални дела, со кои се занимава Антикорупцискиот тим на СДСМ.

Оваа резолуција, усвоена со 65 гласа за, претставува директен напад врз демократијата, која веќе е критикувана во ЕУ извештајот за Северна Македонија за 2025 година.

За ВМРО да го реализира овој договор, потребно е да се организираат избори и да се добијат уште четири години за имплементација на овој план, кој подразбира обезбедување на престој и работни визи за мигрантите, сместување и обезбедување на вработување со невозможност за депортација од земјата.

Некои земји во регионот официјално започнаа со овој процес, како Албанија.

На ова СДСМ веќе предупреди со детално објаснување на сите претстојни чекори, на кои веќе сега, сведоци се сите граѓани на Македонија.

Ненадејни, ненajавени, блиц – предвремени избори, за да се фати неподготвена опозицијата.
Објаснувањето би било, по моделот на Вучиќ, опозицијата бараше – еве и доби избори, со претходна најава: „опозицијата да внимава што сака – може да се оствари“, алудирајќи на предвремени избори.

Под власта на ВМРО во последните две години, Македонија назадуваше и на листата на „Transparency International“.

Во CPI индексот за 2024 (објавен 2025), паднавме од 76. на 88. место, со оценка од 42 на 40 поени, поради системска корупција и слабо владеење на правото.

Со сите овие елементи започнаа подготовките за изолација на Македонија, во случај на воведување црни листи и санкции за членови на владејачката коалиција, од страна на Американската влада.

Една од работите што паралелно се случува се и предизвикувањата на намерен конфликт со Бугарија и со тоа оправдување за да не продолжат преговорите, со објаснување за постоење на уцени од ЕУ членки, а целта е да се запрат ЕУ интеграциите.

Владата дури и одбива разговори на оваа тема, блокирајќи ги ЕУ преговорите, за да го одржи националистичкиот наратив, потребен за кампањата, а под дополнително влијание од Белград.

Владата не само што не го решава проблемот, туку го продлабочува со повторно отворање на тема за македонскиот јазик и со изјави за лажни проблеми, кои вчера ги демантираше и Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Документот што требаше да биде технички чекор напред, прерасна во нов политички судир.

Втор конфликт што се создава со иста намера за кампања се случи само пред неполн месец, по изјавата на Мицкоски дека веќе е вртено старото име, следеа реакции од грчкото Министерство за надворешни работи.

Ова се сите делови од посебна анти-ЕУ кампања која има за цел да предизвика негативна реакција кај граѓаните (гласачите) кон Европската унија, со што ВМРО добива олеснителна околност за оправдување на запирањето на процесот на интеграција во европското општество. Сè има подлабока позадина, а тоа е дека оваа владејачка коалиција не смее да дозволи контрола на обвинителството и судовите на Европската унија, туку само на домашното правосудство, кое сега е под нивна целосна контрола, со усвојување на нови Собраниски закони за правосудството и обвинителството, кои ќе бидат уште еден камен на сопнување во отворањето на кластерите.

Идентична работа прави и Вучиќ во Србија, како примерот на намерно дезинформирање на населението за воведување санкции за транспорт на гас од 01 јануари 2026 година, што Европа го демантираше, дури и преку силна реакција (крајот на октомври) на комесарката за проширување Марта Кос, која на изјавите на Вучиќ за санкциите, реагираше дека е „апсолутна лага и дека наместо тоа, ЕУ ја поддржува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се интегрира во енергетските мрежи на ЕУ.“

Заедно со ова, Вучиќ токму преку Собраниски закон се обидува да го укине Обвинителството за организиран криминал, кое води процеси околу коруптивни активности што доведоа до падот на надстрешницата во Нови Сад и случајот Генералштаб – фалсификување документи за Трамп проектот.

ВМРО постојано ги копира кампањите на СНС од Србија, особено кампањите што започнаа од кога се организирани протестите во Србија, од декември 2024 па до денес. Анти-ЕУ кампања, поделба на општеството (изјави на Мицкоски за секој неистомисленик: „талог на општеството“ и „медиокритети“) и слично.

Колку далеку оди соработката на Мицкоски со Вучиќ? Покажува примерот кога Мицкоски правеше кампања заедно со Вучиќ дури и со настраданите во Кочани, кога со камери влегоа во одделението за интензивна нега, каде што не смее да влезе никој што не е во стерилна опрема кај луѓе со такви изгореници. Вучиќ ги злоупотреби повредените што лежеа во Србија за својата кампања, доведувајќи ги во опасност, само за да покаже како тој се грижи за настраданите. Затоа што имаше протести поради настрешницата во Нови Сад. А Мицкоски копирајќи го него ги загрози луѓето на интензивна нега во Македонија само заради заедничката кампања со Вучиќ. Copy-paste сценарио.

СДСМ предупредува веќе подолг период за„copy-paste“ тактиките на ВМРО: користење на одредени медиуми кои ги има под своја контрола за кампањи против опозицијата, слично на она што СНС го прави против демонстрантите во Србија, според извештаите на многубројни светски и регионални медиуми.

Директното влијание на ВМРО врз поединечни медиуми се очигледни, според извештајот на „Freedom House“ за 2025 година, измените на Законот за аудиовизуелни медиуми кои овозможуваат државни реклами во приватни медиуми доведува до политичко влијание.

„Shadow report“ од јуни 2025 година открива дека преку 10 милиони евра се потрошени на политичка пропаганда.

Исто така, фабрикување лажни вести, вклучително „deepfakes“ против опозицијата, е документирано во „Balkan Insight“ од септември 2025 година.

„Reporters Without Borders“ нè рангира на 42. место во „World Press Freedom Index“ 2025 година, со предупредувања за притисоци врз новинарите од власта на ВМРО.

Дополнително, ситуацијата околу Вучиќ се влошува и на судски процеси во Црна Гора, каде што се споменува тој, неговиот брат Андреј Вучиќ и поранешниот министер за полиција Небојша Стефановиќ во врска со организиран криминал.

Според New York Times, во текстот под наслов: „Претседателот, фудбалските хулигани и подземјето – ‘Куќа на ужасот’“ Вучиќ е поврзан со шефот на криминалната група Вељко Беливук. На затворени судски сослушувања, Беливук и неговата група признаа дека работеле за државата. За страшните случувања поврзани со оваа група, пишуваа многубројни медиуми.

Sky преписки (заштитена комуникација), објавени во медиуми како „Vijesti“, откриваат комуникации на трговци со дрога кои го споменуваат „Оскар“ како организатор на криминалната група, а Вучиќ негира дека тоа е тој, додека медиумите претпоставуваат дека се работи токму за него.

Целата ситуација кулминира со Трамповиот закон за Западниот Балкан, потпишан во декември 2025 година, кој воведува санкции за корумпирани лидери и дестабилизирачки актери.

Законот, според пишувањата на „Serbian Times“ и „EUAlive“, ја критикува Србија за нефер избори и корупција меѓу лидерите.

Ова е јасна порака: корупцијата и криминалот на Балканот, вклучително врските меѓу ВМРО и СНС, нема да бидат толерирани.

Мицкоски и неговиот „модел на Вучиќ“ нè водат во изолација, како што тоа сега може во секој момент да ѝ се случи на Србија. Време е да се разбудиме и да се вратиме на патот на демократијата и ЕУ.

СДСМ повикува на единство против политиката на режимот ВМРО-ЗНАМ, која е насочена кон изолација на Македонија и дистанцирање од влијанието на Александар Вучиќ, режим кој нашата земја ја турка во пропаст, само за да ја зачува својата власт и личната безбедност, надвор од досегот на правдата.

Не смееме да дозволиме, ниту на нашите деца, да се вратиме во темнината што ја живеевме под Никола Груевски и Сашо Мијалков само пред 10 години. Борбата за слободна, демократска и европска Македонија започна!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија

Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност

Објавено пред

Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.

„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.

Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.

„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население

Објавено пред

СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.

dobivaj vesti na viber

„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Објавено пред

„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.

dobivaj vesti na viber

Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.

„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.

Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.

„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.

Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија10 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија14 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија15 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија17 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија18 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ18 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија18 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура21 час

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа21 час

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет22 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа22 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа23 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет23 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија1 ден

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија1 ден

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија2 дена

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија2 дена

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија2 дена

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...