Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска, но од правда нема бегање

Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска, но нема бегање од правдата, оцени СДСМ преку соопштение, ден откако не успеа одржувањето на лидерската средба.
Владејачката партија преку соопштението до јавноста се осврнува и на новиот предлог-закон за јавното обвинителство кој ќе влезе во собраниска процедура следната недела.
„Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив. Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО. Тоа е во интерес на граѓаните и државата. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот. Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска: Кога ги локализиравме пожарите во Визбегово, директорот на ЦУК дојде да се слика

Вчера подметнати пожари на два локации во Визбегово, а директорот на ЦУК Мухамед Али место да помогне чекаше да ги локализираме, па отиде да се слика, обвини градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која тврди дека Градот сам се справувал со вчерашните пожари.
„Од Владава ќе ве остават да изгорите или да се угушите и нема да мрднат со прст, а кога видоа дека се локализира пожарот од нашите екипи отидоа да се сликаат. И да, надлежни се за да постапат. Тој Министерот за животна средина има сам повеќе буџет од сите општини заедно во Македонија. Што не излезе да ја исчисти таа депонија, земјиштето е на Република Македонија и дел приватна сопственост, НЕ Е НАША СОПСТВЕНОСТ НИ НАША НАДЛЕЖНОСТ“, напиша Арсовска на „Фејсбук“.
Арсовска кажа дека пожарот, во отежнати услови, 12 часа го гаселе членовите на Противпожарната бригада на Град Скопје со дополнителна механизација на јавните претпријатија на Град Скопе, и никој друг.
„Бар со едно возило или со еден човек да помогневте да се изгаси пожарот. На таа депонија нашите инспектори сторителите ги фатија УШТЕ ПРЕД 2 ГОДИНИ, пријава е поднесена. Ако не постапувале тие пред вас и вие ли нема да постапите? Доста ви ја вршевме работата, ни депонии ни фабрики што загадуваат не се наша надлежност, ама ги гониме за да живееме подобро. А вие што правите? Една депонија исчистивте ли? Ние исчистивме 280. Една фабрика/загадувач затворивте ли? ЕДНА? Кривичната за УСЈЕ што ние ја поднесовме до кај е? Ги штитите, ете до таму е!“, напиша Арсовска.
Македонија
СДСМ: Милионски тендер oд МВР доби советник на ВМРО-ДПМНЕ

МВР во функција на партиски бизниси, оценува СДСМ, коментирајќи случај со милионски тендер кој го добил советник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Под раководство на Панче Тошковски, МВР доделило милионски тендер за организирање возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“, зад која стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ, советникот во Општина Кичево – Филип Митрески. Оваа фирма е регистрирана само три месеци пред распишување на тендерот.
Смрди на корупција и на претходно договорени дилови. На ваков начин практично фирмата добива монопол врз профитабилен бизнис од јавен интерес – сите полагања во Битола, Прилеп и Ресен. Станува збор за сериозни индиции дека тендерот бил однапред наместен, дека целата процедура е креирана за да се обезбеди профит за партиски блиски структури“, велат од СДСМ.
Како што додаваат, ваков модел на доделување јавни услуги – на нови фирми без искуство, контролирани од партиски кадри – претставува класичен партиски грабеж.
СДСМ и претходно обвини за сомнителен тендер во МВР со набавка на униформи.
Партијата итно бара од Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да испита целиот процес, а Основното јавно обвинителство да покрене постапка по допрен глас.
Македонија
„Влен“: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Повеќе од 20 години на власт, ДУИ со своите деструктивни политики не донесе развој, туку иселување. Не само што ги натера стотици илјади Албанци да емигрираат, туку со пописот на населението во 2021 година ги избриша и оние што останаа. Пописот се претвори во средство за намалување на реалноста на Албанците во државата, додека раководството на ДУИ, како и секогаш, одбра да молчи пред уште едно ново политичко злосторство, обвини Дритон Сулејмани од коалицијата ВЛЕН.
Тој рече дека албанскиот народ бара одговори зошто било прифатено од нивна страна дијаспората да се третира како „нерезидентна“, кога токму таа, како што рече, ја одржува економијата и ги помага семејствата во секојдневието?
„Следните примери на манипулација се јасни и документирани, особено во струшкиот регион: Во селото Радолишта се регистрирани само 1.344 жители над 18 години, додека на изборите во 2024 година гласале 2.397 граѓани, или повеќе од 1.000 разлика. Во Велешта се регистрирани 2.196 жители, а гласале 2.377, речиси 200 повеќе. Во Ливадија, исто така, има повеќе гласачи од што регистрирани жители. Со вакви потези ли мислевте да го намалите бројот на Албанците во државата?“, праша Сулејмани.
Тој рече дека се поставуваат и други прашања на кои ДУИ никако не смее да молчи: зошто била потпишана методологија што го намалува бројот на Албанците во земјата, зошто не се заштитил придонесот на дијаспората во животот на оваа држава и зошто ДУИ прифатиле Албанците надвор од земјата да се одделат од остатокот на народот?
„Овие зошто не се само прашања, тие се обвиненија што тешко паѓаат врз тие што го искористија пописот за партиски интереси. Ако ДУИ мисли дека ќе го помине ова со молк, тешко се лаже, затоа што ВЛЕН нема да престане да ги открива вистините што се покриени преку овие измами“, рече Сулејмани.