Македонија
СДСМ: Мицкоски потврди дека е дел од политиките на Груевски

Мицкоски призна дека учествувал во насилството од 27 април и дека нема капацитет да ги надмине деструктивните политики на Груевски, оцени владејчаката партија, по „Фејсбук“ статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека на 27-ми април бил со луѓето кои протестираа осумдесетина дена претходно.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток. Со тоа Мицкоски потврдува дека е дел од политиките на неговиот претходник Никола Груевски. Очигледно е дека Христијан Мицкоски ја има истата деструктивна матрица на неговиот претходник Груевски, не успева да ги надмине политиките на конфликт и поделби и вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во одговорен и конструктивен политички субјект“, стои во соопштението што го испрати СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.