Македонија
СДСМ: Мицкоски по стапките на Груевски, Законот за јазиците е согласно со уставот
Христијан Мицкоски продолжува по стапките на Никола Груевски да дејствува против интересите на граѓаните, против концептот едно општество и европските вредности со што нанесува штета на државните интереси, реагира Социјалдемократскиот сојуз по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, кој го повтори ставот дека дава поддршка за стабилно мнозинство доколку СДСМ се откаже од Законот за јазиците.
„Видливо е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оваа партија го прифати Законот за употреба на јазиците во надеж дека ќе формира влада. Откако не успеа, денеска Законот го користи единствено како изговор за блокада на реформскиот процес. Очигледно кога зборува за некакви политички концесии Мицкоски мисли на концесиите што му ги оставил токму Никола Груевски“, велат од СДСМ.
Владејачката партија додава дека наместо промовирање на политиките на поделби, Мицковски треба да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во партија којашто ќе дефинира соодветен начин на политичко дејствување во интерес на граѓаните и државата.
„Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и во интерес е на сите граѓани. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна, демократска држава и се гради како едно општество на еднакви граѓани“, велат од СДСМ од каде додаваат дека концептот едно општество за сите е концепт за иднината на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

