Контакт

Политика

Мицкоски гарантира стабилно мнозинство ако се отфрли Законот за јазиците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ гарантира стабилно мнозинство само да се отфрли неуставниот Закон за јазици, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го повтори партискиот став дека е видливо постоењето политичка концесија на премиерот Зоран Заев во поглед на Законот.

„Жалам што за вакво крупно прашање не се земаат  предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се прави обид да се донесе закон што не е уставен. Не е возможно Законот да се донесе по демократски пат, а без притоа да се прекрши Деловникот на Собранието и не се изврши упад во процедурите бидејќи ние, ВМРО-ДПМНЕ, нема да отстапиме од единствениот начин на покажување  демократски пркос, а тоа се 36-те илјади веќе поднесени и прифатени амандмани“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се вршат настојувања Законот да биде донесен без дебата и разговор со опозицијата. Рече дека се игнорираат забелешките од претседателот на државата само за да се задоволат одредени политички апетити, и со самото тоа се врши пазарење на сметка на Уставот и законите.

„Уште еднаш повторувам дека Зоран Заев ќе ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во обезбедувањето  парламентарно мнозинство и стабилност на Владата само да не потпаѓа под уцените што  се на штета на државата и да не го донесе неуставниот закон. Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да учествува во изработка на законско решение кое е уставно, практично и применливо“, рече Мицкоски.

Тој апелираше до претседателот на Владата, Зоран Заев, да покаже разум и сите заедно да се посветат на реформските закони, што ќе значат поквалитетен живот за граѓаните. Според Мицкоски, доколку се прекршат процедурите за носење на ова законско решение, тоа ќе значи воспоставување нова незаконска пракса и истата ќе биде применувана  во иднина, а не ја отфрли ни можноста за нова политичка криза.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: За две години од мандатот, исполнети се клучните столбови и мерки од програмата

Објавено пред

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска одржа работен состанок со претседателите на Комисиите на СДСМ на кој било заклучено дека за две години од преземањето на мандатот клучните столбови и мерки од програмата на СДСМ се реализирани.

„Иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, на вистинскиот пат сме, кон ЕУ и НАТО, економијата е силна и создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните, се гради на секој чекор, низ цела држава. Концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат. Порасна минималната плата, работиме на ново покачување, го вреднуваме трудот на работниците со нови мерки за стимулирање на раст на платите“, соопштија од СДСМ.

Од таму потсетуваат и на мерката за поврат на ДДВ, за зголемување на социјалната помош за 300%, за поефтината зелена нафта за земјоделците за 30%, за намалување на ДДВ-то за парно од 18% на 5% и за враќање на ефтината тарифа на струјата.

„Со ребалансот на Буџетот кој утре влегува во собраниска процедура воведуваме нови мерки и обезбедуваме повеќе средства за раст на платите, како што е мерката за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари. Ги укинуваме квотите за лекови, обезбедуваме доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, правда и одговорност за секого“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ново партерно уредување во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Објавено пред

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ набргу ќе добие комплетно ново уредување на дворот. Станува збор за обновување искршени бекатон-плочки на пешачките патеки, пробивање нова пешачка патека како и поставување нова урбана опрема и ново зеленило околу четирите згради на студентскиот дом, соопшти Државниот студентски дом „Скопје“.

Во соработка со Министерството за образование и наука, Државниот студентски дом ќе постави рампи за контрола на влез на возила на источниот и западниот пристап во комплексот, а на северната и јужната патека ќе бидат поставени заштитни столпчиња. Целта на поставувањето рампи е регулирање на сообраќајот за да се зачува новото партерно уредување. Рампите ќе бидат механички контролирани и ќе биде овозможен пристап од споредните сообраќајници во случај на потреба од специјално возило.
Постојните дотраени бетонски патеки ќе се реконструираат со павер-елементи, а новите патеки со чакал и урбана опрема. Предвидена е и нова пешачка патека на западната страна од блокот Б, со која се олеснува пристапот од блоковите до булеварот, а со тоа и до автобуската конекција за студентите. До секој од споредните влезови од блоковите ќе биде овозможен пристап до рампите за инвалидизирани лица.

Централното зеленило меѓу блоковите има комплетно ново решение, со ниско и високо зеленило. Урбана опрема ќе биде поставена во целиот комплекс соодветно, при што предвидено е да има 38 клупи, 9 канти за ѓубре, 8 паркиралишта за 5 велосипеди, како и нови инсталации за водовод, канализација, електрична и термотехничка инсталација.

Во овој студентски дом во тек е внатрешното уредување на собите во блоковите Б и Г, кои беа реновирани. Целта на Државниот студенстки дом е сите студентски домови да обезбедат пријатен простор за престој и квалитетно студирање на сите студенти како во внатрешноста на зградите така и во дворните места.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Трипуновски: Близок човек на Заев проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводителите

Објавено пред

Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски, проневерил речиси 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводителите, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се изводите од банкарската жиро-сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите. Во периодот од 1.1.2018 година до 1.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметката на пријателот на Зоран Заев и Спасовски, Кире Неделковски, се префрлени 5.544.600 денари. Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски и на Кире Неделковски почнал во 2017 година. Во периодот од 21.9.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари. Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот.

Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој извештај од 18.10.2018 година утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година од речиси 9.000.000 денари по што е разрешен. Неделковски шемата за испумпување пари ја правел и преку свои блиски лица, па, така, од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и му делел заеми на својот зет за ќерка, како и на блиски пријатели.

Криминалот не завршува тука. Кога Надзорниот одбор го разрешува Неделковски, тој во два наврата се враќа на позицијата претседател на Сојузот затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власта не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател, со што му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни 9.000.000 денари од здружението.

Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека разрешница од Јавното обвинителство и од органите на гонење финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на неа нема. Наместо во притвор, Неделковски е на слобода и поради нереагирањето на власта, му било овозможено да го повтори делото.

Сојузот на 9.2.2019 година пишал и известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделство, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопанските комори. Нема реакција од ниту една институција.

Што прават Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното обвинителство повеќе од две години? Дали за Неделковски не важат законите само затоа што е функционер на СДСМ и близок до Заев, Николовски и до Спасовски? Или можеби дел од парите завршил на „Илинденска“, па затоа се молчи!?
Со парите на земјоделците не смее никој да си игра. Овие 300.000 евра се пари на сите тутунари, заработени со многу труд и пот. Јавното обвинителство веднаш да поведе постапка, сите вмешани да бидат соодветно санкционирани, а парите да им бидат вратени на земјоделците во Сојузот на здружението“, нагласи Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија10 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија10 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија12 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија14 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија14 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ15 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет16 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет17 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет18 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет1 ден

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт1 ден

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион1 ден

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија1 ден

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија1 ден

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија2 дена

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Досие