Македонија
СДСМ: На повидиок нов скандал, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат која е нејзината улога во палењето возила?

По информациите во медиумите градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат пред граѓаните која е нејзината поврзаност или улога во палење на возило? Очигледно на повидок е нов скандал поврзан со Данела Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите на медиумите, Арсовска била повиканата на разговор во полициска станица поврзано со случај со закани и опожарување на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека извршната директорка и првиот човек на Сојузот на стопански комори кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Арсовска за градоначалничка биле изложени на разни притисоци, закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.
Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат каква е поврзаноста на Арсовска во заканите и палењето на возилото? Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).