Македонија
СДСМ: Неспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите, а тие се проширија

Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола. Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите, велат од СДСМ.
„Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола. Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како што најавуваше Мицкоски се проширија. Фактите говорат дека Владата на Мицкоски задоцни во првичната реакција, дозволија да изгорат 1.000 хектари и целосно потфрли во справување со пожарите, за што одговорност мора да има. Наместо фрлање лопати, давање изјави со празен ПР, за справување со пожарите е потребна навремена реакција, брза интервенција на терен, добра координација, работа и посветеност“, велат од опозициската партија.
Изминатите години, додаваат дека СДСМ успешно ги менаџираше пожарите секое лето без да се загрози ниту една куќа.
„Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери оспособени за гасење пожари, набени беа ведро и симплекс резервоар.
Во континуитет се одржуваше нивното високо техничко ниво, навремено беа ремонтирани и модренизирани.
За катастрофланото справување со пожарите мора да има одговорност“, дополнуваат од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.