Македонија
СДСМ: Не прифаќаме уцени, ќе се спротивставиме на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски

СДСМ уцени не прифаќа, ќе се спротивставиме на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски, реагира СДСМ по изнесените ставови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Граѓаните се разочарани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е една од причините зошто Христијан Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 година.
СДСМ не прифаќа уцени, туку ќе се спротивстави на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски.
Институциите, граѓаните, нема да дозволат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата само за да му удоволат на Груевски.
Имаме план да се спротивставиме на сите блокади, заедно со коалициските партнери, со парламентарното мнозинство продолжуваме со работа за граѓаните и државата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.