Македонија
СДСМ: Ние градиме едно општество за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ дели и сее омраза

„СДСМ со храброст и визија го иницираше и го спроведува концептот „Едно општество за сите“, концепт кој се темели на толеранција, мултикултарилизам, социјална правда, еднакви можности и одговорности за сите граѓани.
СДСМ како репрезент на сите етнички заедници во државата, посветено работи на унапредување на меѓучовечките и меѓуетничките односи.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за поделба на граѓаните по сите основи. 11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт поттикнуваше меѓуетнички тензии, ги делеше граѓаните на партиоти и предавници, поттикнуваше раздор и омраза.
Дури и нивниот концепт ,, Македонија за сите луѓе” е лажен и популистички кој нема врска со реалноста.
Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ, меѓу концептот едно општество за сите, кое носи прогрес и иднина за сите граѓани и неодговорниот однос, поделбите и раздорот што ги создава ВМРО-ДПМНЕ, кои водат само надолу во провалија.
Затоа на гласачите на претстојните избори ќе застанат зад најдобите политики на заедништво и соработка на СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат поделбите што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).