Контакт

Македонија

СДСМ: Одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со ковид-19 на респиратор

Објавено пред

Според информациите кои стигаат до СДСМ, во моментов одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со ковид-19 на кои им е потребна респираторна поддршка. Според извештај до кој дојде СДСМ, како што е наведено во соопштението на оваа партија, директорот Фадил Цана информирал до Мој термин дека не работи интензивната нега.

dobivaj vesti na viber
„Прашуваме дали ова значи дека ако има потреба од респиратор за било кој пациент, истиот нема каде да биде примен? Дали можеби пациенти со ваква здравствена состојба се примаат на Карил? Доколку е тоа случај, тогаш се ставаат пациентите на Карил во огромен ризик. Што прави во моментот Министерството за здравство по ова прашање и дали е точно дека има пациенти кои се вратени, а имале потреба од респираторна поддршка? Очекуваме одговори во најкус рок. Доволно е само еден пациент да не е примен а е во тешка состојба со ковид и може да донесе жртви од оваа болест“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

dobivaj vesti na viber

АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде запрен.

Исто така, истиот ден на 22.07.2025 година во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во село Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.

Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за 23.7. и 24.7.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Времето во наредните денови

Под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања во земјата и подготовките за претстојните локални избори.

dobivaj vesti na viber

Централното претседателство едногласно го именува Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ, за шеф на Централниот изборен штаб.

Исто така, со целосен консензус беа потврдени кандидатите кои ќе се натпреваруваат за градоначалници и носители на советнички листи во повеќе општини:

Kaко што претходно беше соопштено, во Општина Чаир кандидат за градоначалник ќе биде Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и ексминистер за надворешни работи.

Во Општина Тетово, кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.

Во Општина Желино, кандидат ќе биде Гемир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.

Во Општина Гостивар, носител на советничката листа ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ. Во Општина Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ.

Во наредните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени дополнителни кандидати за останатите општини.

Од Алијансата за Албанците, преку Зијадин Села, се очекуваат предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Харачина и Дебар, а од Арбен Таравари – за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.

Од ДУИ велат дека остануваат посветени на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес, а граѓаните се повикуваат како на референдум да ја потврдат следната победа на локалните избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен...

Македонија10 часа

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...

Македонија10 часа

Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката,...

Македонија11 часа

Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Економија15 часа

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување...

Македонија17 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија17 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ19 часа

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ19 часа

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...

Економија19 часа

Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на...

Свет22 часа

Односот меѓу Трамп и Путин се менуваше во текот на годините, сега се чека конечен резултат

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна му даде на Владимир Путин 50 дена да постигне мировен договор и најави драстични трговски...

Свет23 часа

(Видео) Кина почнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа23 часа

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија1 ден

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка – реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија1 ден

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија1 ден

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија2 дена

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...